Втор ден од Глобалниот инвестициски самит во Охрид

Од:

Ангажирање на дијаспората за создавање економски можности, успешни бизнис модели на соработка, како и финансирањето на инвестиции и извоз од микро финансирање до финансирање капитални инвестиции се темите на кои ќе се дискутира на денешниот втор ден од Глобалниот инвестициски форум што се одржува во Охрид во организација на Македонија 2025.

Досега дијаспората не е присутна со инвестиции во земјава, но беше логистика во напорите на Владата за воспоставување контакти со компании кои сакаат да инвестираат во земјава. Сега најави конкретна поддршка преку формирање Фонд за инвестиции СЕАФ Македонија. Покрај инвестирањето членовите на Македонија 2025, кои се група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси кои имаат македонски корени и живеат во САД, Канада, Европа и Австралија, ќе им нудт и менторства и пристап до пазарите на македонските претприемачи.

– Ова е прв фонд од ваков тип каде дијаспората е катализаторот и водечки инвеститор кој става акцент на татковината и на регионот. Со огромно задоволство ќе соработуваме со СЕАФ со цел да направиме еден успешен фонд и да го трасираме патот за нови фондови. Нашиот одбор на директори е воодушевен од идејата да му помогне на СЕАФ во развојот на бизнис лидери и успешни бизниси во Македонија, како и да им овозможи пристап до нашата глобална мрежа на бизнис врски, истакна Мајк Зафировски, претседател на Одборот на директори на Македонија 2025.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ