Македонија денеска и утре ќе биде домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво.
Самитот е дел од Берлинскиот процес и претставува можност за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но ќе бидат презентирани и конкретни начини како да се добијат подобри дигитални услуги, како ИТ фирмите да се поврзат подобро и како младите да добијат квалитетни дигитални вештини.
Најавено е присуство на премиери, владини претставници, бизнисмени, регионални организации и на академската заедница кои ќе разменат идеи и предлози за заедничко делување. Ќе се разговара за намалување на цените на роамингот, сајбер безбедноста, зголемување на дигиталните вештини на граѓаните и меѓусебно дигитално поврзување на земјите од регионот. Се очекува да произлезе и заедничка иницијатива за меѓусебно признавање на дигиталните сертификати.