(ВИДЕО) Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.

-Тоа не е вистина. Ние дававме кредити во стопанството со многу помали каматни стапки од само 1,6 проценти. Меѓутоа, тука има многу отворени прашања. Зошто целокупната сума е повлечена веднаш и ние веќе сега, граѓаните плаќаат камата на пари кои не се поделени и е прашање кога и за кој временски период ќе се поделат до компаниите и кои се критериумите врз основа на кои што компаниите ќе ги добијат, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Филипче смета дека зголемувањето платите од 10 проценти во здравството е добар чекор, но како што рече, не е доволно.

-Тоа е еден анекс на Колективен договор што требаше да се потпише уште за време на претходната Влада. Тоа беше процес што го преговараше претходната влада со Синдикатот за здравство. За жал, тогаш тоа не се направи поради тоа што започна изборниот процес. Станува збор во еден дел и за зголемување односно усогласувањето со минималната плата, односно со просечната плата. Сметам дека тоа зголемување од 10 проценти на вкупната сума која што е наменета за зголемување на платите во здравството, е добар чекор, но не е доволно. Навистина сметам дека оваа Влада, во еден момент министерката за финансии изјави дека треба да се зголемуваат платите само на средно медицинскиот персонал, техничкиот персонал, но не и докторите поради тоа што оние добиле навистина големо зголемување на платата за време на нашиот мандат. Такво процентуално зголемување на плати на докторите немало никаде во Европа. Апсолутно сметам дека министерката треба да го напушти тој став и дека треба огромна инвестиција и понатаму да се прави кај сите кои работат во здравствениот систем. Се друго значи дека тие шансата ќе ја гледаат понатаму во приватните болници или да заминуваат во странство, рече тој.

Како што посочи Филипче, ако не се мотивирани докторите и сестрите да работат со континуирано зголемување на платите, нема да бидат задоволни ниту пациентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ѝ укажал на Сиљановска-Давкова за партизација во дел од безбедносните структури

А1он

Лидерот на СДСМ Филипче на средба во претседателката Сиљановска Давкова

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје