(ВИДЕО) Анѓушев: Рекорден влез од 327 милиони евра на странски директни инвестиции во првото полугодие од годината

Од:

Последните податоци од Државниот завод за статистика и Народната банка според кои во првото полугодие од годинава има рекорден влез на странски директни инвестиции од 327 милиони евра и е забележан засилен раст од 8,4 % на индустриското производство во јули во споредба со истиот месец од минатата година, е потврда дека економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Странските директни инвестиции во Македонија за првите шест месеци се 327 милиони евра и тоа е 218 % повеќе од просекот во последните три години и апсолутно најмногу во последните три години. Практично ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е забрзан и дека политиките на транспарентно поддржување на сите компании во земјава апсолутно даваат резултат“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Податоците од Народната банка покажуваат дека за само шест месеци влезени се 327 милиони евра, што е за три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога нивото на инвестиции изнесуваше 105 милиони евра.

Во исто време, позитивните економски промени ги регистрира и Државниот завод за Статистика кој мери зголемување на индустриското производство и тоа за 8,4 % во јули споредбено со истиот месец од 2017 година. Освен што се зголемува индустриското производство, зголемен е и бројот на работници во индустријата и тоа за 7,2 % за истиот период.

Кон вкупниот економски раст свој инпут даде и работата на ТИРЗ, со растот на извозот од зоните. Во период од јануари до јули месец во 2018 година во споредба со истиот период лани, тој е зголемен за 17%, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ