Велигденски пости без стрес: Совети за балансирана исхрана

Од:

Започнаа велигденските постови. Независно од мотивите кај секој од нас, факт е дека дека доколку барем еднаш годишно го исчистиме организмот од отровните материи кои во него се таложат, нашиот имунитет ќе зајакне а воедно ќе се подобри и нашето општо психофизичко здравје.

Постот како начин на исхрана е прифатен од врвните научни кругови, медицински лица и нутриционисти, кои сметаат дека ни ја јакне волјата и ни го прочистува телото, умот и срцето.

За време на постот се воздржуваме од некои видови храна, посебно од производи од животинско потекло, а се фокусираме на зеленчуци, семиња, посни и вегански производи. Ако веќе сме решени дека ќе постиме, важно е да одбереме здрави вегански производи, да внесуваме протеини, бидејќи тие недостасуваат кога традиционално јадеме само јаглехидрати. Добар избор е Nutri Soup вкусна супа, која содржи високо квалитетен протеин и растителни влакна кои обезбедуваат долготрајно чувство на ситост и претставува совршено решение за да се издржи динамиката во текот на денот. Претставува вегански производ, добиен од сушен зеленчук, без ГМО и глутен, без вештачки адитиви и додатоци, го има во две форми, со вкус на домат и мешавина од различен зеленчук, а се подготвува за помалку од 1 минута и има помалку од 100 калории!

Дури, во овој период немора да се откажуваме ни од слаткото. Го имаме Nutri Shake нутритивно балансиран напиток богат со природни состојки, витамини, растителни протеини и диетални влакна – кој ја подобрува дигестијата и метаболизмот, и создава чувство на ситост. Има убав вкус на јагода, не содржи вештачки бои, адитиви или шеќери, што го прави овој шејк погоден за луѓе кои постат, но и за сите оние со активен животен стил.

Со Nutri Soup и Nutri Shake постењето може да биде забавно! Мислете добри и позитивни мисли, јадете пополека и имајте почит кон храната која ја консумирате!

Пролет! Време за прочистување на организмот

Со пролетта се буди природата, но и нашиот организам. Ова е период кога посакуваме промена, чувствуваме позитивна енергија, и имаме нови очекувања. А тие најчесто се поврзани со самите нас, со нашето здравје, изглед, бидејќи од тоа се почнува.

Денес е навистина лесно да се води здрав живот. Живееме во време на изобилiе на здрава храна, која ни е достапна 24 часа, па дури и во киосци, на бензински пумпи. Треба само малку добра воља и дисциплина!

До нас е дали ќе се определиме за постење, исхрана во помала количина, за почести а помали оброци. Дури и самиот Хипократ верувал во потребата од здрава исхрана, како начин за детоксикација на организмот, за подобрување на расположението кај луѓето и чувство на смиреност.

За разлика од порано, денес е барем лесно да се изведе здрава детоксикација имајќи го в предвид големиот асортиман на производи кои не само што ќе не снабдат со неопходните нутритивни состојки туку и ќе уживаме во нивните вкусови и разновидност. Рафтовите на сите подобро снабдени супермаркети најчесто имаат посебен оддел посветен на здравата храна со избор и вкус на кој може секој да позавиди. Еден од попознатите домашни производители на здрава храна Виталиа навистина има асортиман од кој ќе креирате совршено неделно мени за време на постите.

https://www.vitalia.com.mk/mk/products/

„Здравјето и болестите доаѓаат преку устата“. Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме.

А сите оние кои имаат дилеми како и што да јадат тука е онлјан страницата на Виталиа, каде можат да добијат и совети од нутриционист според нивните индивидуални карактеристики. Да комбинираат совршен сооднос на протеини, јаглехидрати и масти кои треба да се внесат во организмот за да се постигне добра виталност.

Разновидноста на храната подразбира внесување интегрални жита, супер храна, протеини од растително потекло и храна со ниска содржина на шеќери и масти, на витамини, минерали и биоактивни компоненти – сите основи за одржување на баланс, разновидност и редовност во секојдневната исхрана.

Би било штетно и неодговорно да чекате одредено време, а потоа да се откажете од сите задоволства кои ги нуди храната.

Таа треба да се консумира секој ден, така што телото може да зајакне и да биде наш сојузник и пријател во вршењето на секојдневните обврски и активности.

Придобивките од постот се неверојатни и воздржувањето од храната може да биде позитивно за нашата благосостојба и здравје, па организирајте го соодветното мени, исчистете го организмот и подгответе го за потоплите денови.

Би можело да ве интересира

Почнува Велигденскиот пост