УНКТАД: Коронавирусот ќе ги намали странските инвестиции

Од:

Директните странски инвестиции ќе се намалат за дури 40 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, а најголем удар ќе претрпат земјите во развој, проценуваат Обединетите нации во најновиот извештај објавен денеска.

Странските директни инвестиции ќе се намалат од минатогодишните 1,540 милијарди американски долари под 1.000 милијарди долари, првпат од 2005 година, проценува Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД). Во 2021 година ќе бидат намалени за дополнителни пет до 10 проценти, а закрепнувањето не се очекува до 2022 година, предвидува УНКТАД.

– Најголем пад на странските директни инвестиции ќе биде забележан во економиите во развој затоа што производството и вадењето на суровините е главно финансирано од странски капитал, појаснува експертот за инвестиции на УНКТАД, Џемс Жан.

Најголем дел од глобалните директни инвестиции се генерираат од 5.000 водечки мултинационални компании кои ги намалија годишните предвидувања за профит во просек за 40 проценти, забележува УНКТАД.

Пандемијата влијаеше и на прекуграничните спојувања и аквизициите на компаниите, кои беа преполовени во првите месеци од оваа година, пренесува агенцијата на Обединетите нации.

УНКТАД предвидува и дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе го поттикне зајакнувањето на економскиот национализам и ќе го забрза трендот на автоматизација на производството, како резултат на напорите на владите и компаниите да се заштитат од идните шокови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ