Турски ИКТ компании и производители на мебел заинтересирани за производство во Македонија

Од:

По учеството на саемот Match4Industry Business Matching во Коџаели од 2 до 3 ноември годинава што го организира Стопанската комора на Македонија Турција (МАТТО), турски ИКТ компании и производители на мебел се заинтересирани за производство во Македонија кое би се извезувало во ЕУ.

Во Скопје, пак, денеска доаѓа делегација од Кајсери, Турција, која ќе ги скенира бизнис климата и можностите за инвестиции и деловна соработка. Делегацијата ја предводи валијата Сулејман Камчи, а во неа, освен претставници на градот, се и бизнисмени од областа на туризмот кои ја промовираат Кападокиа и развиваат зимски туризам.

Во градот се развиени и земјоделството, производството на мебел, дрвната и прехранбената индустрија (Улкер е најпознат бренд), градежништвото, транспортот, туризмот (Кападокија, зимски туризам), а економијата базира главно на странски инвестиции и глобални пазари.

Извозот на мебел од Кајсери надминува една милијарда американски долари годишно. Овој град со 1,2 милиона жители има 3.500 фабрики кои вработуваат 40.000 работници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ