Трамп: Сакав да ја скршам Nvidia, дури и не знаев кои се тие

Од:

На самитот за вештачка интелигенција во Вашингтон, Доналд Трамп уште еднаш покажа колку опасна може да биде комбинацијата од моќ и незнаење. Тој презентираше нов Акционен план за вештачка интелигенција, но притоа откри дека до неодамна не знаел за постоењето на компанијата Nvidia, ниту за Јенсен Хуанг, човекот кој го претвори тој стартап во највредната технолошка компанија денес.

Реков – ајде да ги скршиме“, се присети Трамп, зборувајќи за првиот пат кога некој му ја спомна Nvidia.

Прашав: кој е тој воопшто? Како се вика? Велат: Јенсен Хуанг. Реков: што е Nvidia? Никогаш не сум слушнал за неа“.

Во тој момент, Nvidia веќе имаше апсолутна доминација над чиповите за вештачка интелигенција и пазарна вредност поголема од онаа на Apple, Microsoft и Google. Коментарот на Трамп доаѓа само неколку недели откако Nvidia надмина 4 трилиони евра пазарна капитализација, пробивајќи ја границата од 1 трилион пред само две години.

На истиот настан, Трамп додаде дека сака да создаде конкуренција за компанијата, што во тоа време дури и не знаел како да го изговори, но му било кажано дека тоа ќе биде речиси невозможно – дури и ако Хуанг работи целосно некомпетентно од денес, ќе бидат потребни десет години за некој да го стигне.

И покрај неговото лично незнаење, планот на Трамп за вештачка интелигенција оди многу напред кон зајакнување на американската индустрија за вештачка интелигенција. Документот содржи три јасно дефинирани цели: намалување на регулативите, изградба на инфраструктура и ширење на американската технологија за вештачка интелигенција кај сојузниците.

Сепак, планот вклучува и нови забрани за извоз на компоненти за чипови, јасен сигнал дека САД сакаат дополнително да ја контролираат глобалната достапност на хардвер што компании како Nvidia го користат за да доминираат.

Иако Трамп на крајот го пофали Хуанг и сфати за што се работи“, неговиот говор откри загрижувачки јаз во разбирањето на клучните играчи во светот на вештачката интелигенција. Во индустрија каде што една компанија контролира речиси целото производство на чипови за вештачка интелигенција, ова повеќе не е гаф – тоа е сериозен стратешки проблем.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ставиме крај на конфликтот во Украина

А1он

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп: Иран е официјално пропадната држава со раководство во хаос

А1он

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО

А1он

Можна средба Путин – Трамп наскоро во Кина

А1он

Трамп објави мапа на Ормутскиот теснец и го прогласи за територија на САД

А1он