Тојота го претстави концептот Корола Фуриа

Од:

Јапонскиот производител на автомобили Тојота на саемот во Детроит ги претстави концептот Фуриа, што открива како треба да изгледа следната генерација на еден од најпродаваните модели во светот Корола.

Новиот концепт Корола Фуриа покажува дека компанијата сака да излезе од сивилото и да се претстави како едно од најпосакуваните возила на пазарот.

Агресивниот дизајн и остри линии на новата Корола ќе претставуваат изненадување и за оние што имаат став за Корола како топол автомобил. Тојота е позната по издржливите мотори и квалитетот, но со Фуриа компанијата покажува дека се посветува многу време и на дизајнот.

Автомобилот е долг 4,6 метри, а концептот изобилува со разни стилски додатоци, како што се големите 19-инчни алуминиумски фелни и лед светла.

Би можело да ве интересира

Неверојатно убав: Новиот Волво C60

Емир Латифовиќ