Дигитализацијата на земјите од Западниот балкан е единствен начин овие држави да бидат дел од Европската унија пред официјалното членство. Оваа шанса за дигитализација на регионот мора да се искористи, рече Горан Свилановиќ на денешната прес конференција на првиот дигитален самит на Балканот.
Според него постојат 3 главни причини зошто е важно општеството да се дигитализира. Првата е зголемување на БДП на земјите односно нови вработувања, промени во законот за работни односи и корупцијата.
-Дигитализацијата носи 1,8 отсто раст на бруто домашниот производ на земјите, поттикнува нови вработувања, промена на законите за работни односи и предност во борбата со корупција, во услугите на јавната администрација преку интернет нема манипулации, вели Свилановиќ.
Виктор Јованов