„Сведмилк“, наскоро во рацете на турски „Суташ“

Од:

„Суташ“, фирмата лидер за млеко и млечни производи во Турција, наскоро ќе ја преземе фабриката за млеко и млечни производи „Сведмилк“ во Скопје.

Од есен ќе почне и производството, а ќе бидат вработени 100 лица, а со комплетирање на инвестициите бројката на ново бработени ќе биде 250.

„Целта ни е да ги зголемиме пазарите во Македонија и во околните земји и да ја покачиме потрошувачката на млеко и млечни производи во регионот со иновациите кои ние ќе ги претставиме за индустријата “, најави Мухарем Јилмаз, претседателот на Групацијата „Суташ“.

„Суташ“ ќе се шири и во Албанија и во Косово, како и на пазарите во Европа.

Во Македонија ќе се примени интегралниот работен модел „Од трева до софра“ кој претставува гаранција за природноста и квалитетот на производите на „Суташ“, и овозможува директно вработување на околу 4.ооо лица.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски