Субрата Рој во посета на Љубаништа

Од:

Делегација од Индија, предводена од Субрата Рој,  денеска  во Охрид ќе го посети локалитетот Љубаниште, каде, според најавите, индискиот инвеститор планира да гради туристички комплекс.

Според најавите, Рој, кој престојува во Македонија од вчера попладне, утре ќе има средби со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето.

Во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ