Странски компании заинтересирани за соработка, на домашните им треба поддршка

Од:

Странски инвеститори во најголем дел од автомобилската индиустрија имаат пројавено интерес за соработка со македонските компании, на кои пак им треба поддршка и помош да ги развијат своите потенцијали за креирање нови производи и услуги и воведување нови технолошки процеси за да може таа соработка да се оствари.

– Странските инвеститори беа прашани што би им требало како услуга од македонските компании. Потоа имаше консултации со домашните компании, во најголем дел од електрометална и метална индустрија, затоа што странските инвеститори кои изразија интерес за соработка се претежно од автомобилската индустрија, кои кажаа каде мислат дека можат и имаат потенцијал да соработуваат со странските инвеститори, рече на денешната прес-конференција Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Додаде дека Комората ги споила домашните и странските компании, а во меѓусебни разговори тие одредиле кои се компаниите од Македонија со кои можат да отпочнат некаква соработка. Притоа, рече таа, било посочено оти на домашната компанија и треба поддршка и помош за градење капцитети за да може да се реализира соработката.

Од комората очекуваат 10 до 15 компани да поминат конкретна теоретска обука, а во пет да бидат спроведен таканаречени индивидуални „инхаус“ обуки во следниве два месеца.

– Проектот треба да резултира со пет компании кои ќе склучат договори за одредена соработка дали за нов производ или услуга што домашните компании можат да ја испорачаат, рече Аризансковска.

Според анализите на Комората македонските компании имаат потреба од поддршка во делот на креирање нов производ, воведување нови технолошки процеси или преструктуирање на веќе постојните, воведување стандарди што ги бараат странските компании, но и нови менаџмент решенија и техники.

Аризанковска потенцира дека приватниот сектор нема многу можности да користи средства од ЕУ фондови. Затоа, рече, Стопанска комора вложува големи напори за едуцирање на компаниите за да можат сами да аплицираат за овие фондови.

Само две-три компании од Македонија и тоа од делот на роботиката и нанотехнологијата успеале да направат проекти со кои добиле вакви средства, и тоа од Програмите Хоризонт 20/20 и Косме. Од ИПА рече Аризанковска,приватните компании се уште немаат можност да користат средства, освен преку ИПАРД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ