Ставрески: Задолжувањето од 250 милиони евра ќе ги покрие сите буџетски потреби

Од:

„Со Светската банка имаме договорено два аранжманa. Едниот се однесува на буџетска поддршка во износ од 50 милиони американски долари за реформи кои ќе придонесат за конкурентноста на македонската економија  и вториот аранжаман е гаранција на Светска банка за економските политики што ги води земјава и реформите што ги спроведува во делот на повеќе сектори.

– Со таа гаранција Македонија ќе се појави на пазарот на капитал кај деловнтие банки да побара  финансиски средства во износ од 200 до 250 милиони евра. Колку точно ќе бидат  зависи од условите и понудата што ќе ја добиеме од банките.

– Но и во едниот и во другиот случај и со тие средства од Светска банка и со средствата обезбедени од другите кредитори, како и домашното финансирање, не само што целосно се покрива буџетот и буџетските потреби за следната година, туку истовремено се обезбедуваат средства за целосна отплата на сите обврски за следната година, изјави министерот Ставрески, додавајќи дека на тој начин значително ќе се подобри ликвидноста на економијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ