Ставрески: Милијарда и 550 милиони евра странски инвестиции за четири години

Од:

За четири години во Република Македонија по основ на странски инвестиции се влезени милијарда и 550 милиони евра, што е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година, ако се изземат приватизациите на државните монополи.

Тоа го информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за намалување на царините на повеќе производи од 1 јануари следната година.

Вкупниот прилив на странски инвестиции од 2007 до 2012 година од милијарда и 550 милиони евра, според Ставрески, покажува дека владините политики и мерки, вклучително и економските презентации надвор од државата, даваат резултати.

– Штета е што во вакви времиња вкупниот прилив во Европа и во светот е многу намален во однос на тоа што да речеме беше во 2004 и 2005 година и кога би имале такви околности како тогаш, резултатите ќе беа уште подобри. Но, евидентно е дека Република Македонија привлекува инвеститори и во вакви околности и тоа не од една земја, туку од повеќе, американски, британски, руски и останати компании, што се решаваат да дојдат во Македонија, укажа вицепремиерот.

Тоа, додаде, пред се, е резултат прво на подобрената бизнис клима бидејќи за да отидете на роуд шоу треба да имате што да клажете, а за да имате што да кажете треба да ја подобрите бизнис климата и тоа е евидентно преку рангирањето на Македонија од страна од Дуинг бизнис и на други места.

– А потоа е пренесувањето на таа приказна околу условите за бизнис во Македонија кај странските инвеститори бидејќи се работи за конкуренција во однос на други земји. Сите се агресивни сите сакаат да ги привлечат инвеститорите. Ако седите во земјата и ништо не правите се разбира дека нема никој да дојде. Треба да се биде амбициозен, да се отиде таму, да се објаснува и да се настојува да се прикаже земјата во позитивно светло, но затоа треба пред се да ги средите вкупните односи во земјата во делот на бизнис амбиентиот. Сметам дека таа структура веќе постои и затоа инвеститорите се почесто решаваат да инвестираат во Македонија, рече Ставрески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ