ССК најавува турски инвестиции во македонскиот аграр

Од:

Претставници на 40 компании од Сојузот на стопански комори (ССК), со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции, присуствуваат на 83. Интернационален Саем во Измир, Турција кој се одржува од 29 август до 7 септември годинава.

Делегацијата ја предводи претседателот на ССК Даниела Арсовска, а ја сочинуваат стопанственици од повеќе сектори – градежништво, агро-бизнис, транспорт, туризам, консалтинг, шпедиција, текстилно производство. Тие ќе остварат средби со колеги од различни земји, ќе се запознаат со претседатели и извршни директори на најголемите компании од Турција и светот. Целта е остварување деловни партнерства.

– Остваривме средби кои ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но почнати се преговори и за заеднички вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија во агро секторот, прехранбената и текстилната индустрија. Во следните денови предвидени се средби и потпишување на меморандуми за соработка со водечките бизнис организации во Турција, изјави Арсовска.

Саемот во Измир е еден од најстарите во Турција. Традиционално се одржува 83 години и претставува водечки интернационален настан во оваа земја кој покрива повеќе сектори. Последните неколку години во фокусот на манифестацијата се прехранбената индустрија, технологијата, автомобилските компоненти, мебелот, апаратите за домаќинство, белата техника, градежната и земјоделската механизација, електрониката, ИКТ,…

На саемот ќе се претстават над 1.000 изложувачи од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ