СКСЗМ бара реакција од полицијата за кражбите во скопските и тетовските маркети

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во Скопскиот и Полошкиот регион поради, како што наведува, последните случувања во неколку маркети во Скопје и Тетово кои се мета на крадци.

Комората бара навремена реакција од полицијата и преземање соодветни мерки.

– Бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскиот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да преземат чекори за сузбивање на криминалните случаи и воспоставување нормален и мирен тек на работите, како навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување јавна сигурност и безбедност потребна за бизнисот, велат од СКСЗМ.

Комората апелира надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа. – Сакаме да ја искажеме и нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки, стои во соопштението.

Според Комората, се наметнува потребата од објективна изработка на проценка на ризик за секое работно место и од третирање на ова прашање со најголемо внимание според фактичката состојба, а не според систематизацијата на работни места.

Би можело да ве интересира

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та, ликвидноста да биде клучна за петтиот пакет мерки

Ана Ололовска

Топ 100: Компаниите да продолжат со инвестиции, државата ќе ги поддржи

Ана Ололовска

Бектеши на средба со менаџментот на СКСЗМ

Ана Ололовска

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат

Ана Ололовска

СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава

Ана Ололовска

Одговорни за носење заштита на лицето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите, порачува Комората на северозападна Македонија

Ана Ололовска