СКСЗМ бара конкретни мерки насочени кон домашните производители

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија оценува дека макроекономските показатели не се задоволителни за бизнис секторот имајќи предвид дека во вториот квартал е остварен негативен раст на БДП од 1,8 проценти и 0 проценти во првиот квартал. Задоволни ќе бидат доколку годинава се постигне раст од 0,7 до 1 процент од БДП.

На прес-конференција денеска побараа да се подобри пристапот до финансии за домашните компании преку пониски каматни стапки и да се искористат грантовите, да се направи деполитизација на државните институции и што поскоро да се спроведат судските реформи за да се врати владеењето на правото.

– Владата треба повеќе да се посвети кон преземање на конкретни мерки насочени кон домашните производители со што ќе се овозможи зголемување на домашната понуда, намалување на невработеноста и раст на извозот. Сетаме дека сегашната власт треба да го редефинира концептот за странските директни инвестиции и да преземе конкретен став за приоритетите во оваа сфера, рече претседателот на Комората Неби Хоџа.

Осврнувајќи се на работењето на новата Влада во изминатите 100 дена, Хоџа посочи дека ја поддржуваат владината мерка за зголемување на минималната плата, но оти мерката за субвенциониран одмор за работниците со ниски приходи не е економска, туку социјална мерка. Комората го поддржува и субвенционирањето на неколку сектори но бара внимателен пристап и транспаретност од Владата при распределбата на средствата.

Едно од прашањата, кои според Комората, треба да биде приоритет е решавање на инфраструктурните проблеми кон индустриската зона Визбегово и автопатот кон Косово.

Во однос на повратот на ДДВ, од Комората истакнаа дека по промената на власта сменет е концептот и сега нема селективен селективен пристап при повратот на ДДВ како претходно.

Би можело да ве интересира

СКСЗМ: Над 4.000 компании згаснаа само во првите шест месеци од 2020-та, ликвидноста да биде клучна за петтиот пакет мерки

Ана Ололовска

Топ 100: Компаниите да продолжат со инвестиции, државата ќе ги поддржи

Ана Ололовска

Бектеши на средба со менаџментот на СКСЗМ

Ана Ололовска

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат

Ана Ололовска

СКСЗМ апелира надлежните институции да преземат мерки и активности за подобрување на безбедносната состојба во земјава

Ана Ололовска

Одговорни за носење заштита на лицето треба да бидат органите на редот, а не бизнисите, порачува Комората на северозападна Македонија

Ана Ололовска