Скопски пазар – што доведе до денешната тешка состојба во некогашниот трговски гигант?

Од:

Додека Скопски пазар се бори со долговите и се мачи да им исплати плата на своите работници, неколку прашања и натаму ја преокупираат јавноста – како е можно некогашниот лидер на пазарот да се соочи со ваква тешка состојба? Како компанијата сега ќе „исплива“ од милионските долгови, кога ја напушти дејноста супермаркети, каде со децении беше препознатлив бренд?

Ако се погледне историјатот на Скопски пазар низ годините наназад, очигледно е дека раководството на компанијата презело низа сомнителни и економски неоправдани потези, во кои можеби лежат дел од причините за денешната состојба.

Во 2006 и 2007 година Управниот одбор на СП предложил, а Собранието на акционери , во голем дел сочинето од раководните лица, изгласало две одлуки за намалување на основната главнина на компанијата, при што се повлечени повеќе од 14.000 сопствени акции, кои самото раководство претходните години со пари на фирмата ги купило за повеќе од 85 милиони денари. Ваквата одлука – прво да се купат, а веднаш потоа да се повлечат акции за чиј откуп СП издвоил близу 1.5 милион евра за познавачите нема никаква економска оправданост. Овој нелогичен потег предложен и поддржан од првите луѓе на СП, иако очигледно финансиски неисплатлив за Скопски Пазар, сепак резултирал во значајно процентуално зголемување на нивното капитално учество во компанијата.

Понатаму, дури 82.5% од оперативната добивка на Скопски пазар во 2017 година отишла за отплата на камати за кредити и заеми, што покажува дека лани Скопски пазар всушност работел за банките.
Претходната година, членовите на надзорниот и управниот одбор си поделиле речиси 200.000 евра за плати и надоместоци, кој податок произлегува од извештајот за работата на оваа компанија за 2016 година.

Многумина во Скопски пазар не се согласуваат ниту со одлуката да се напушти бизнисот со малопродажбата, ниту со издавањето и продавањето на недвижностите на СП, кое раководството го врши во континуитет.

Фирмата, која поседува локали, трговски центри и згради во Скопје, но и во градовите низ Македонија, изминатава година продаде повеќе атрактивни недвижнини, а некои од најпривлечните локали и комплекси ги издаде на фирми кои ѝ беа довчерашна конкуренција.

Како и дали некогашниот трговски гигант ќе успее да се опорави од сегашната тешка состојба останува неизвесно.

Би можело да ве интересира

Што ако првите луѓе на Скопски пазар бидат осудени за криминал со акции?

Наум Локоски

Продолжува распродажбата на имотот на Скопски пазар

Наум Локоски

Скопски пазар продал имот по трипати пониска цена од пазарната

Наум Локоски

Стартува судски процес против раководството на Скопски пазар за криминал со акции

Наум Локоски

Судот го прифати обвинителниот акт против првите луѓе на Скопски пазар

Наум Локоски

Директорите на Скопски пазар на суд за сомнително купување сопствени акции

Наум Локоски