Последниве години нутриционистите се се погласни за значењето на Шилажит! А се зборува поради нејзините придобивки кои обезбедуваат поголема енергија и издржливост во денот, придонесуваат за намалување на холестеролот, подобрување на коскената густина, зајакнување на имунитет и многу повеќе.
Некои го нарекуваат Шилажит и црното злато од Химaлаите, природен еликсир со голема моќ. Станува збор за минерално-органска смола, која што се формира со распаѓање на растителен материјал во текот на илјадници години, под притисок и температури во високопланинските региони на Хималаите, Кавказ, Алтаи и други планини.
Бројни научни истражувања ги потврдуваат функционалностите на овој додаток во исхраната, така да нема никакви дилеми дали треба или не да се користи, само е важно да се внимава на изборот, да биде тоа квалитетен и сертифициран производ.
„На пазарот има многу форми на Шилажит во форма на смола, прав, капсули, а меѓу има голема разлика во квалитетот“ вели нутриционистот Дрвошански.
„Секогаш советувам клиентите да избираат производ со лабораториски потврден состав, бидејќи се работи за природна суровина чиј квалитет може да варира.“

Нутритивната вредност на Шилажитот е во неговиот состав, истакнуваат експертите. Според нив Шилажит не е лек, туку додаток кој треба да е дел од балансирана дневна исхрана. Богат е со минерали, фулвинска и хуминска киселина, како и различни биолошки активни соединенијa.
Фулвинската киселина и минералите даваат поголема енергија и издржливост, а имаат и антиоксидативни својства, што помага во намалување на воспаленијата.
Според Дрвошански, Шилажит треба да користат луѓе со активен животен стил, лица кои имаат напорни работни денови и кои бараат природна поддршка за да издржат во текот на денот. Препорачлив е и за спортисти.
„Секогаш препорачувам да се започне со минимална препорачана доза и да се следи како телото реагира. И, секако, консултација со стручно лице, особено кај луѓе кои имаат хронични состојби или земаат терапија.“ На Шилажит не треба да се гледа како на волшебен прашок, вели Дрвошански, а најголем ефект дава кога е дел од поширока и балансирана исхрана. Истовремено го подобрува и сонот, и е силна поддршка при различни психофизички активности.
