Шапуриќ: Зголемување на соработката со домашните добавувачи е заедничка цел на Владата и Дрекселмаер

Од:

Вчера попладне министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари работна средба со менаџментот на копманијата ДММ Дрекселмаер Мануфактуринг предводен од директорот Лукас Мурингер.

На почетокот на средбата директорот на Дрекселмаер изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави дека нивната цел е да произведуваат во Македонија на подолг период и најавија нови инвестиции во државата. Овој странски инвеститор во 2018 година оствари раст и го зголеми своето производството за околу 13 проценти.

Набавките на Дрекселмаер од македонските компании оваа година ќе достигнат рекордни 12 милиони евра во денарска противвредност и планираат во иднина да ги зголемат за што ќе го развиваат и надоградуваат веќе востановениот едукативен и тренинг центар. Оваа компанија која вработува 6.000 работници со новите инвестиции ќе вработи уште околу 800 работници, се вели во соопштението.

Шапуриќ истакна дека определбата на Владата на Република Македонија е да ги поддржува странските инестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции кои ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување на нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено за зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните копмании. Тој истакна, дека со мерките за економскиот раст на Владата годинава отпочна да се реализира и финасиската подршка за инвестции и за домашните компании.

Кабинет на министер задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ