Со новите измени на општиот колективен договор, дополнително ќе се скратат правата на работниците во Македонија, обвинува Марјан Ристоски, претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации.
Затоа Ристоски, побара предлог измените на општиот колективен договор да бидат достапни до сите работници во Македонија.
Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија бара јавен увид и достава на измените на општиот колективен договор, бидејќи досега немале увид за што се работи, а според Ристоски, спорен е и фактот што потпишувањето на општиот колективен договор е предвиден во летниот период.
Ристоски јавно праша, кој им дал право на лидерите на ССМ и КСС, да потпишуват колективни договори во име на 500.000 вработени во државата.