СДСМ: РЕК Битола како златен рудник за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Денеска, по не знам кој пат, ќе се пушта во работа рудникот Брод Гнеотино и тоа од страна на премиерот Груевски.

Денес ќе бидеме сведоци на пуштање во употреба на главниот транспортен систем за јаглен, кој нема да биде врзан со багер за ископ на јаглен, систем чиј капацитет нема да биде доволен, систем кој како држава ќе не чини многу повеќе од предвиденото“

Вака реагираше Миле Јончевски од СДСМ според кого со ваквиот концепт во кој нема услов за континуиран ископ на јаглен и согласно проектот нема багер за селекција и ископ на јаглен, очигледно е дека ќе има полоша експлоатација.

„Само за информација, ФОД Битола за овој проект имаше дадено понуда согласно сите референци, која изнесуваше од 7,5 – 8 милиони евра, а странскиот изведувач имаше понуда од неверојатни 17,5 милиони евра.

Почитувани од власта, на кого му одговара ваквиот начин на работа?

1. Колку не чини овој транспортен систем ако се земе во предвид дека се касни повеќе од една година и кој од кадрите на ДПМНЕ ќе ја понесе одговорноста за сето ова?

2. Колкав капацитет ќе се носи по транспортерот, или целта е повторно да продолжи бизнисот на ДПМНЕ со дотур на јаглен со камиони?

3. Дали со ваквиот неодговорен начин на работа, се создаваат предуслови за повторно зголемување на цената на електричната енергија, и простор за увоз на електрична енергија со далеку повисоки цени?

Додека ДПМНЕ го користи РЕК БИТОЛА како златен рудник за сопствени бизнис интереси, семејниот буџет на граѓаните е се пооптоварен и секој ден станува се помал и помал“, рече Јончевски.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ