Рекордно висока цена на паладиумот

Од:

Цената на паладумот достигна рекордно високо ниво над 1.600 американски долари по најавите за забрана на извоз на овој благороден метал од Русија.

Високата цена на унца паладиум предизвика загриженост на пазарот бидејќи Русија и Јужна Африка заедно произведуваат околу три четвртини од светските резерви, а руската компанија „Норникељ“ е најголем производител на паладиум во светот.

Руското Министерство за трговија и индустрија минатата недела соопшти дека е продолжена забраната за извоз на благородни метали од 1 мај до 31 октомври.

– Имаше гласини дека Русија ќе го ограничи извозот на некои благородни материјали. Кога пазарот е мал, каков што е со паладиумот, понекогаш таквите вести можат да имаат поголемо значење отколку што би требало, истакна директорот на „Металс фокус“, Филип Невман.

Паладиумот воглавно се користи за изработка на катализатори.

Би можело да ве интересира

Цената на паладиумот го надмина златото

Ана Ололовска