Регионална конференција за женско претприемништво

Од:

Регионална конференција за женско претприемништво – добри практики и вмрежување денеска ќе биде отворена во Мулти бизнис-центарот на Скопски саем.

Конференцијата е дводневен настан во насока на промовирање добри пракси, размена на искуства и деловно поврзување на жените претприемачи од регионот, во организација на фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а поддржана од Министерство за економија на Република Македонија, Централната европска иницијатива CEI и Enterprise Europe Network.

На конференцијата ќе учествуваат истакнати жени претприемачи од соседните држави и ќе ги споделат нивните успешни приказни.

Вториот ден од конференцијата ќе биде наменет за бизнис-средби  на кои компании од регионот ќе имаат можност за остварување понатамошна соработка со македонски компании.

Би можело да ве интересира

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

We make: Женско претприемништво за конкурентност – и јас можам!

Ана Ололовска

Бектеши: Улогата на малите и средните претпријатија во генерирањето на економски раст е широко препознаена и призната

Ана Ололовска

Доделени наградите Претприемач на годината – 2017

Ана Ололовска

Доделување на наградата „Претприемач на годината“

Ана Ололовска

По 10. пат ќе биде прогласен „Претприемач на годината“

Ана Ололовска