„Признаваме – не можеме без вас“: FLEX CREDIT го прогласи тимот за најголем капитал на компанијата

Од:

Под мотото „Признаваме – не можеме без вас“, Flex Credit оваа година ја посвети својата годишна конференција на тимот кој секојдневно ја гради и ја движи компанијата напред. На настанот се собраа вработени , но и колегите од Босна, Црна Гора, Романјиа, Бугарија кои ги споделија своите досегашни искуства, практики и предизвици.

Со 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group важи за еден од најголемите приватни финансиски работодавци во Македонија. Групацијата во континуитет вложува во развојот на кадарот преку својата Бизнис Академија и специјализирани програми за обука и напредок. Во рамките на компанијата работи и Flex Broker — брокерско друштво чија мисија е, преку партнерства со водечките осигурителни компании, да понуди најдобри и најсоодветни осигурителни решенија на клиентите.

„Горди сме што сме компанија која луѓето ја избираат не само заради стабилноста, туку и заради можноста за раст, учење и соработка. Нашата цел е Flex Credit да биде место каде секој вработен се чувствува ценет и мотивиран, а успехот на вработените е наша најголема сатисфакција,“ изјави генералната директорка, Јоана Спасовска.

Во рамки на конференцијата беа доделени награди на вкупно 63 вработени кои добија ваучери за патување за нив и нивните семејства, на вработени кои со компанијата ги одбележуваат 5 години работа, како и на најуспешните тимови за првата половина на 2025 година. Со тоа, Flex Credit уште еднаш покажа дека човечкиот капитал е во срцето на секоја нејзина стратешка одлука и планирање.
Со јасни планови за развој на нови услуги преку Flex Pay, зајакнување на финансиските технологии и дополнителна експанзија, Flex Credit ја гледа иднината како можност да го консолидира лидерството во финансискиот сектор и да остане доверлив партнер на граѓаните и бизнисите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Flex Credit ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Стратешка експанзија на Flex Group: Влегуваме на пазарот за софистициран внатрешен дизајн со Kave Home

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата