Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

Од:

Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, потврдува Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

Чакаровски информираше дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно, како што рече Чакаровски, нема да работиме веќе од наредниот ден.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.

Би можело да ве интересира

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Во прекин железничкиот сообраќај, вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата

Возовите стојат пет дена, протестира машинскиот персонал

Стоилковски: Железницата во кома, 10 милиони денари годишно за директорите

Катерина Ѓуровски

Најавен нов прекин на железничкиот сообраќај