Почнува изградбата на фабрика на италијанската компанија „ИТЕК“

Од:

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово денеска ќе биде поставен камен-темелник на производствен погон на италијанската компанија „Итек“.

Инвестицијата е пет милиони евра и во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања.

Компанијата се занимава со производство на композитни материјали што се користат во градежништвото, автомобилската индустрија и земјоделството.

На настанот најавено е присуство на премиерот Никола Груевски и на министерот за економија Беким Незири.

Инвестицијата ќе се реализира преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES.

Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски