Пешевски ги претстави македонските инвестициски можности пред германски стопанственици

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска имаше работна средба со германски стопанственици на која ги претстави инвестициските можности што ги нуди Република Македонија со посебен акцент на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.

Како што информира владината прес-служба, вицепремиерот се осврна на поволните услови за странските инвеститори, особено на реформите и мерките кои Владата ги презема во насока на подобрување на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика.

– Реализирање што поголем број странски инвестиции преку континуирано унапредување на условите за водење бизнис и постојани средби и состаноци со бизнис заедницата и овозможува на државата дополнително да ги развива бизнис можностите за компаниите во Република Македонија, рече Пешевски на средбата.

На работниот состанок присуствуваа и министерот задолжен за странски инвестиции Бил Павлевски, амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Гудрун Штајинакер, директорите на Стопанска комора Нинберг за централна Франконија и Стопанска комора на Германија во Македонија и претседателот на Македонско- Германското стопанско здружение.

Состанокот го организираа Министерството за економија, инфраструктура, сообраќај и технологија на СР Германија, Стопанската комора Нирнберг за централна Франконија и Македонско-германското стопанско здружение.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ