Отворање на „ВПТЕКС Македонија“ – холандска фабрика за работна и заштитна облека

Од:

Во село Кадино во Општина Илинден денеска свечено ќе биде отворена фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ на холандската фирма Van Puijenbroek Textiel.

Van Puijenbroek Textiel има лидерска улога на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.

Холандската компанија почна да ја реализира својата инвестиција во Македонија, вредна два милиони евра, во септември 2012 кога беше поставен камен-темелникот во присуство на премиерот Никола Груевски и членови на Владата.

„ВПТЕКС Македонија“ има 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто  од 1 ноември со воведување втора производствена линија. Во  првиот квартал на 2014 година ќе следува и трета линија.

– Мисијата на овој производствен капацитет на ВПТЕКС е да им излезе во пресрет и да ги задоволи очекувањата и желбите на купувачите со систем на брза реакција и одговор.  Исто така планираме да развиеме систем на продажба со рентирање и перење на работната облека, соопшти инвеститорот.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски