Нова инвестиција од 5,5 милиони евра во економската зона Марино-Кадино

Од:

Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.

Како штоп соопшти Општината, во економската зона Марино-Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи на компанијата „Гранд Експорт“. На почетокот фабриката ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.

Новата инвестиција на компанијата „Гранд-Експорт“, на чие поставување на камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, треба да биде реализирана во рок од 1 година.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски