Нова фабрика на „Ван Хол“ во Бунарџик

Од:

Во Технолошко индустриската развојна зона – Скопје  2 денеска ќе биде пуштен нов капацитет на фабриката за производство на автобуси на белгиската компанија „Ван Хол“.

На пуштањето во употреба на новата фабрика е најавено присуство на премиерот Никола Груевски, како и на Филип Ван Хол, извршен директор на „Ван Хол“, министерот за странски инвестиции Веле Самак, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида…

„Ван Хол“ почна со работа во Македонија во јули минатата година, откако во 2012 беше потпишан договор со Владата за инвестиција  во ТИРЗ Скопје 2. Според деловниот план, Ван Хол во Македонија веќе има инвестирано 25 милиони евра во фабрика од 37.000 метри квадратни, која денес е втора најголема гринфилд фабрика во Македонија. Во овој погон работат 430 вработени и веќе се извезени над 120 автобуси на американскиот пазар.

Капацитетот на „Ван Хол“ е прв од фабриките во македонските индустриски зони кој произведува конечен готов производ, а оди под брендот „произведено во Македонија“.  Голем дел од производниот процес веќе вклучува компоненти од македонско производство.

„Ван Хол“ е семејна компанија од Белгија, формирана во 1947 година. Произведува градски и меѓуградски автобуси, како и индустриски возила. Има повеќе од 4.500 вработени во светот и остварува преку 450 милиони евра годишен обрт. Над 80 отсто од производството на „Ван Хол“ е наменето за извоз.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ