Нова американска инвестиција во браунфилд објект во „ОХИС“

Од:

Американска компанија од делот на медицината индустрија наредната недела ќе почне со работа во браунфилд објект во „ОХИС“. Првично ќе вработи 50 лица, а понатаму планира нивниот број да го зголеми до 200, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– И покрај тешкотиите што ги наметна СДСМ со наметната политичка криза од нивна страна и од страна на сценаристот, правиме се што е во наша моќ да продолжат колку што е можно странските инвестиции затоа што отвораат нови работни места. Има се уште заинтересирани компании кои доаѓаат да инвестираат во земјава, но ќе беше многу подобро и ќе имаше многу повеќе компании и нови работни места доколку оваа политичка криза ја немаше или доколку барем завршеше со изборите како што сите посакувавме, рече Груевски, одговарајќи на прашање по увидот во градежните работи на спортската сала во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.

Првичниот контакт со американската компанија, како што кажа, бил направен пред четири години на презентација на можностите за инвестирање во Македонија во Бостон.

– Тогаш се сретнавме со таа компанија и успеавме да ја убедиме да дојде во Македонија и да ги види можностите за водење бизнис. По повеќе анализи што ги правеа веќе одлучија да инвестираат во земјава и зедоа браунфилд објект во просториите на ОХИС од 2.000 метри квадратни. Ќе произведуваат работи поврзани со мдицинската индустрија и ќе почнат со работа во текот на следната недела, рече Груевски.

Нивната цел, додаде, е да вработат околу 200 лица, но ќе започнат со 50-тина, а во текот на наредните години бројката ќе се зголеми до 200.

Тој посочи дека деновиве самиот инвеститор ја објави инвестицијата во Желино, која започна со работа во браунфилд објект и кој ќе вработи 350 луѓе од околината. Неодамна, како што кажа, ја посетил и фабриката што се гради во ТИРЗ Струмица во која во јуни ќе започнат со работа над 1.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ