Нов погон на „Пекабеско“ во општина Илинден

Од:

Денеска во Кадино, општина Илинден, компанијата „Пекабеско“ ќе го отвори новиот погон за производство на месни и сувомеснати производи.

Инвестицијата е во вредност од 13 милиони евра, од кои дел е кредит обезбеден преку Европската инвестициска банка, а сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а дел се сопствени средства.

Се предвидува на почетокот да се вработат околу 50 нови работници инжинери-технолози, месари, ракувачи со машини, како и други работници – комерцијалисти, шофери, финансиски службеници…

На отворањето најавено е присуство на министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски