Николов: Владата нема пари за плати и пензии

Од:

СДСМ обвини дека власта се изгуби во економското водење на државата.

„Само од почетокот на оваа година Владата се задолжила за нови 160 милиони евра на домашниот пазар што е за 260 % повеќе од износот што е планиран со ребалансот на буџетот од 62 милиони евра. Јавниот долг само за еден месец од април до мај пораснал за нови 140 милиони евра и изнесува 29.1 % од БДП.

Тоа значи дека Владата нема пари ниту за основните плати и пензии, па задолжувањата ги прави за да може истите да ги исплати и за покривање на основните трошоци. Ова значи дека Македонија е далеку од капитални инвестиции“, рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Тој рече дека владата се потешко доаѓа до пари за своите бесмислени проекти, кои одамна требаше да ги прекине и парите да ги пренамени за суштински проекти во економијата или во спроведување на економските мерки кои ги предложи СДСМ.

„По кој член од законот за буџетите ги надминувате проекциите за дозволеното задолжување на домашниот пазар и дали тоа го правите согласно законот?

Дали планирате барем дел од парите од овие енормни нови задолжувања да ги намените за враќање на долгот кон компаниите или и овие пари ќе одат за непродуктивно и недомаќинско трошење?

Цената од ваквата погрешна економска политика на владата на Груевски и Ставревски секако дека ќе ја платат граѓаните затоа што и ова последно задолжување ќе оди на нивниот грб“, рече Николов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ