Николоски во Лондон: Се работи за пет милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија

Од:

Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање во британското Министерство за финансии.

Николоски оцени дека оваа средба е најважна во рамки на посетата, појаснувајќи дека на станало збор за деталите за средствата кои Македонија може да ги користи во следниот период.

– Се работи за пет милијарди фунти кои се ставаат на располагање на Македонија, нешто што беше потврдено од Инструментот за поддршка на надворешното финансирање. Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија. Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија – изјави Николоски.

Тој посочи дека станува збор за проекти во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина.

– Разговаравме три сета на проекти. Едниот е брзата пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, вториот е изградбата на болниците во Кичево, Тетово и во Штип, а третиот изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип. Ова се три сета проекти што се веќе потврдени. По потпишувањето на договорот влада со влада утре и ратификацијата во македонското Собрание ќе почнеме и официјални разговори во однос на начините на финансирање и начините на реализација на овие проекти и за многу бргу ќе можеме да излеземе со тие детали, – рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Со пари од ЕБОР, Владата ќе набави најмалку пет нови електрични локомотиви

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот долж Коридорот 10

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он