Некстсенс – водечка компанија за дигитална трансформација и партнер на Дигиталниот самит во Белград

Од:

На 4 и 5 април 2019 во Белград се одржува вториот Дигитален Самит на земјите од Западен Балкан (Western Balkans Digital Summit 2019) под покровителство на Европската Унија. На настанот учествуваат високи владини преставници, членови на бизнис заедницата и реномирани експерти од областа на дигиталната агенда од регионот и од Европската Унија.

Компанијата Нектстенс, како лидер во областа на дигиталната трансформација втора година по ред е главен партнер и спонзор на овој престижен регионален настан. Специјализирана е во водење на комплетни процеси за дигитална трансформација и имплементација на ИТ решенија со цел унапредување на перформансите на широк спектар на институции и реномирани компании од телекомуникацискиот, финансискиот и владиниот сектор во Европа и пошироко.

Како водечка компанија со повеќе од 15 годишно искуство во развој и имплементација на иновативни решенија за дигитална трансформација и експертиза во областа на услугите од доверба, на Самитот учествува во креирањето на дигиталната агенда на Западен Балкан преку презентации на своите решенија и споделување на искуствата во дигитализација на организациите од приватниот и јавниот сектор.

Производите и решенија на Некстсенс за безбедно дигитално потпишување и работа со е-документи ја позиционираат компанијата како водечка во регионот во оваа област.

Производите на Некстсенс се дизајнирани и развиени со цел да им помогнат на организациите да имплементираат иновативни решенија кои ќе овозможат автоматизација на нивните интерни процеси, како и на процесите на соработка и обезбедување услуги за нивните клиенти.

„Некстсенс е речиси две децении целосно посветена кон поддршка на компаниите и институциите низ процесот на дигитална трансформација, при што им помагаме да го променат начинот на нивното работење преку замена на хартиените документи и процеси со целосно дигитални услуги. Партнерскиот статус и учеството на Некстсенс на Дигиталниот самит е резултат на нашето долгогодишно работење во развој на решенија кои претставуваат клучни елементи за дигитална трансформација, а кои се вградени во дигиталната агенда на земјите од Западен Балкан и Еропската Унија. Горди сме како компанија – лидер во овој процес и со задоволство ги споделуваме нашите искуства во оваа област.“ – Васко Кроневски, Главен извршен директор.

На самитот Некстсенс учествува како модератор на панелот „Доверба и безбедност“ заедно со истакнати експери од оваа област од Еввропската Унија и од регионот. Компанијата е застапена со две презентации.

„Платформата за испорака на јавни услуги – водење на дигиталната трансформација на организациите во испораката на јавни услуги“ на самитот ја престави Главниот Извршен директор на Некстсенс Васко Кроневски. Платформата на Некстсенс воведува иновативен пристап во дизајнирање, создавање и испорака на административни е-услуги на граѓаните и бизнисите, со кој се насочува административната испорака на услуги по дигитален пат и се подобрува севкупната ефикасност на јавните институции во поглед на нивниот капацитет и подготвеност за градење и испорачување дигитални услуги за своите корисници. Со Платформата се опфатени процесите на подготовка на електронски услуги, испорака на услугите до корисниците преку онлајн портал, генерирање документи и нивно процесирање, дигитално потпишување и верификација, нивно чување и складирање, како и размена на документи и податоци меѓу институциите.

Презентацијата на тема „Nextsense Signing Suite – решенија за безбедно дигитално потпишување“ од страна на Даниел Даниловски, Извршен технички директор на Некстсенс беше фокусирана на иновативните решенија на Некстсенс за дигитално потпишување и работа со е-документи со кои Нектсенс веќе има изградено препознатливост во регионот како водечка компанија во областа на услугите од доверба. Решенијата на Некстсенс за дигитално потпишување се вградени во повеќе од 70 различни апликативни системи на реномирани компании и институции.

Компонентите и продуктите на Некстсенс се клучни елементи во процесот на дигитална трансформација кои овозможуваат безбедно дигитално потпишување, ставање временски и организациски печат, потврда на веродостојноста на електронските документи, како и нивна целосна прекугранична верификација – сето ова засновано на највисоките европски стандарди и регулативи.

“Nextsense Signing Suite претставува сет на компоненти и продукти кои обезбедуваат иновативна технологија, врвна безбедност и комплетно корисничко искуство базирано на потребите на клиентите. Овозможуваат безбедно електронско потпишување од дома, од работа, преку сервер или преку интернет пребарувач, во движење преку мобилни уреди, со двојна автентикација како гаранција на идентитетот на потписникот” – Даниел Даниловски, Извршен технички директор.

Решенијата на Некстсенс се веќе вградени во системите на бројни реномирани организации во телекомуникациите, банкарскиот сектор и државните и јавните институции и обезбедуваат врвна услуга без никакви проблеми, што е потврда за нивната вредност и уникатност.

Би можело да ве интересира

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021

Ана Ололовска

Деспотовски: Отворање и транспарентност на институциите преку дигитализација

Ана Ололовска

Втор ден од Дигиталниот самит на Западен Балкан

Ана Ололовска

Министерот Манчевски се обрати на Дигиталниот Самит на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

ВИДЕО: Робот заигра „Гангнам Стајл“ на отворањето на Дигиталниот самит во Белград

Ана Ололовска

Почна вториот Дигитален самит на Западен Балкан

Ана Ололовска