Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ) ја додели наградата за најдобра менаџерка на годината на Анита Спасовска, од компанијата „Бучен Козјак“ и наградата за најдобар менаџер на годината на Игор Крпачовски, од компанијата „АрцелорМиттал“.
Свеченоста се одржа во Скопје Мериот Хотел каде присуствуваа околу 150 претставници од бизнис, политичката, културната и медиумската заедница на Македонија, како и видни гости од асоцијациите на менаџери од регионот.
Асоцијацијата на менаџери на Македонија е независна деловна организација, основана во декември 2015 година, чија цел е деловно вмрежување, едуцирање, промовирање и застапување на интересите на членовите-менаџери.
Целта на асоцијацијата е да стави посебен акцент за создавање обединета, координирана и организирана деловна мрежа на менаџерски организации од земјите во регионот, преку промоција и развој на лидерски и менаџерски вештини и знаења, како и на континуирано вложување во човечки ресурси кои претставуваат основна претпоставка за натамошен општествен и економски препород на регионот.