На Глобалниот самит во Охрид над 180 учесници

Од:

Претставници на над 180 македонски и странски компании од сите сектори се пријавени да присуствуваат на Вториот Глобален инвестициски самит што ќе се одржи во Охрид од 8. до 10. октомври. Рокот за пријавувањето за учество на Самитот завршува денеска.

На Вториот самит присутните ќе разговараат за бизнис можностите, инвестициите, конкурентноста, конкретни проекти, конкретни успешни примери, како и да разговараат за меѓусебна соработка.

Во агендата на самитот предвидени се пет панелни дискусии на тема Конкурентност на Македонските компании, билатерални состаноци на учесниците и настани за поврзување: Гала вечера, коктели и хуманитарен концерт.

На самитот Хубертус ван Дер Ваарт, со-соновач на инвестицискиот фонд СЕАФ ќе објави и детали за инвестицискиот фонд . Неговите пласмани ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија (МСП) со развојна компонента. Проектираниот инвестициски капитал е 15 милиони долари, а голем влог во фондот има и македонската дијаспора. При конституирање на фондот основната мисија е да се поддржат македонските МСП како најзначаен развоен сегмент во македонската економија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ