Мукаетов: Со заеднички придонес до подобра економија

Од:

Сите во својот сегмент од работењето да придонесат кон уште подобри резултати на македонската економија, eнергијата мора да се насочи кон извоз на македонски производи.

Ова го истакна генералниот директор на „Алколоид“ АД Скопје и член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Живко Мукаетов по завршувањето на денешната панел дискусија „Глобално конкурентни македонски производи и услуги: Успешни бизнис-модели на соработка“ што се одржа во рамки на Глобалниот инвестициски самит во Охрид.

Според Мукаетов, тоа што Македонија е мал пазар, не треба да претставува хендикеп, туку предност.

– Евидентно е градењето мостови меѓу бизнисот тука и дијаспората надвор. Воедно е јасна и координацијата меѓу сите сегменти во општеството заинтересирани за подобра македонска економија што се потврди со присуството на владините претставници на Самитот, нагласи Мукаетов.

Сопственикот на ЕМСА Солар и член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Емил Христов рече дека Македонија нуди многу можности кои треба да се презентираат правилно.

– Тоа е нашата цел, како и на Владата со роуд-шоута што ги прави, додаде Христов.

Како успешен пример за влез на американскиот пазар директорот на Хербал Сајнс и „Алкалоид САД“ Вера Ставроф го посочи примерот со „Алкалоид“ АД Скопје.

– Пресудни за успешното лансирање на чаевите „Аведа“ беа високиот квалитет и менаџерските способности на квалификуваниот кадар. Тоа се главните адути на компанијата, додаде Ставроф.

Самитот завршува вечер. Во негови рамки се одржаа шест работни панели на различни теми, а компаниите имаа можност за одржување билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ