Можностите за инвестирање на Македонија претставени во Албанија

Од:

Можностите за инвестирање во земјава и извозните потенцијали на Македонија денеска директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида ги претстави на „Македонско-албанскиот бизнис и инвестициски Форум“ во Тирана, Албанија.

Во својата презентација, директорот Фида детално ги претстави секторите во кои постои можност и одлични услови за инвестирање во земјата, но и големите извозни потенцијали на Македонија.

На форумот свое обраќање имаа и амбасадорот на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, Јордан Трајков како и министерот за економија на Албанија, Флорјон Мима и директорката на Агенцијата за  развој и инвестиции  на Албанија, Енеида Гуриа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ