Можностите за инвестирање ќе бидат претставени во Доњецк

Од:

Македонскиот владин тим, предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска можностите за инвестирање во Македонија ќе ги претстават пред бизнисмени во Доњецк.

Вицепремиерот Ставрески, во рамки на посетата во Украина, денеска ќе има и средба со губернаторот на Доњецк.

Доњецк и Дњепропетровск се двете најразвиени економии во Украина.

На презентацијата на економските потенцијали во Дњепропетровск,  украинските стопанственици пројавија интерес за инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката.

Можностите за инвестиции во Македонија, владината делегација во чиј состав се министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, претходно ги претставија можностите за инвестирање и  пред голем број бизнисмени од Стопанската Комора на Киев. Вицепремиерот Ставрески оствари и средба со заменик министерот за економија на Украина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ