Можности за инвестирање од Кинеската банка за развој разгледани на средба со министерката Апостолска

Од:

Можностите за финансирање на патната и железничката инфраструктура, како и за поддршка на инвестиции на кинески компании во Македонија беа разгледани на средбата на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска во Солун со претставници на Кинеската банка за развој (ЦДБ), предводени од заменик-генералниот директор на Одделот за глобален бизнис за Евроазија, Ли Донг Ја.

Апостолска, како што соопшти нејзиниот кабинет вчера и завчера престојуваше во посета на Солун, каде се одржуваше 82. трговски саем Хелекспо. На саемот присуствуваа над 1.500 компании изложувачи. Почесен гостин на саемот беше Кина, која освен со компании беше претставена и со ЦДБ.

На средбата се разговарало и за иницијативата за вмрежување на банки од 16 држави од Централна и Источна Европа во меѓубанкарска асоцијација за развој, со цел финансирање инвестициски проекти за одржлив развој.

Во рамки на дводневната посета на Солун, министерката Апостолска оствари средби со претставници на компании и претставници на стопански комори од северна Грција, на кои стана збор за потенцијални инвестиции во Македонија и за идна соработка.

Министерката Апостолска имаше работен состанок и со високи претставници од економскиот тим на Министерството за надворешни работи на Грција, на кој се дискутираше за градење на доверба и можности за унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ