Министерката Апостолска на работна средба со Советот на странски инвеститори

Од:

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска вчера имаше работна средба со членовите на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на која беа претставени измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Осврнувајќи се отвореноста на Владата кон бизнис заедницата во моделирањето на економските политики, министерката Апостолска истакна дека Планот за економски раст е резултат на активниот и креативен дијалог со претставниците на стопанството.

„На овој начин ги артикулиравме нивните потреби, проблеми и создадовме пакет на стимулативни мерки кои дадоа резултати. Во минатата 2018 година ги пробивме сите рекорди за странски директни инвестиции, 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повеќе од просекот во изминатите 8 години. Индустријата забележа раст од 5,4%, што е највисок во последните седум години. Целта на Законот за финансиска поддршка за инвестиции беше токму ова, да се поттикне индустрискиот раст, за кој сме сведоци“, рече министерката Апостолска пред претставниците на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Зборувајќи за определбите на Владата економскиот раст и развој да ги постави на цврсти темели, министерката Апостолска нагласи дека и оваа средба е продолжување на воспоставената култура на редовна комуникација со бизнис заедницата, а со крајна цел заеднички да се постави динамичен и одржлив економски систем.

„Во нашата посветеност да ги продолжиме овие позитивни трендови во економијата, беа направени и измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во насока на олеснување на административните процедури за аплицирање за финансиската поддршка и проширување на опфатот на компаниите кои се квалификуваат за мерките. Овие измени се одговор на идеите што произлегуваат од бизнис секторот, од економските субјекти за кои е создаден овој Закон да ги поддржи“, рече министерката Апостолска.

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер изрази задоволство што измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се во насока на определено либерализирање на постапката и проширување на можностсите за аплицирање на поширок круг на заинтересирани компании кои би биле потенцијални корисници на финансиската поддршка.

„Во интерес на сите заинтересирани страни е што изменетите законски решенија се резултат на активниот и креативен дијалог со бизнис заедницата и верувам дека овој процес е отворен и ќе продолжи и понатаму“, истакна Петер.

Петер изрази надеж дека ќе се зголеми опфатот на успешни компании и од делот на странските инвеститори во земјава што може да имаат пристап за финансиска поддршка согласно овој закон и со тоа уште повеќе да се забрза темпото на раст на индустриското производство и на економијата во целост, притоа најави дека дополнително ќе достават нивни сугестии за надградување на постоечките измени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ