Мицкоски: Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици

Од:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите.
Oчекува преку дијалог производителите, дистрибутерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици.

Премиерот Мицкоски ова го одговори на новинарско прашање за тоа дали се уште го поддржува бојкотот или планира да ги искористи сите инструменти кои му стојат на располагање, за да го реши проблемот.

– Јас сум еден од потрошувачите и да понекогаш сум револтиран кога плаќам исти производи по повисока цена од тие цени коишто се во соседството и ве молам и тоа го зборував и во Парламент на пратенички прашања ова е дел од проблемот имаме и други проблеми, како што се друг тип на трговци, со друг тип на производи, како што се лекови, бела техника итн., коишто продаваат производи ако се споредат со тие од околината се некогаш два до трипати поскапи, изјави Мицкоски.

Забележа дека тоа е невозможно да е последица на лоша зделка или последица на некои царински давачки или на нешто друго.

– Прашањето е колку е доста има ли доста, некој ќе рече знаете Христијан маркетот, односно пазарот ја одредува цената, да но некои економски оператори својата пазарана улога ја злоупотребуваат и затоа мислам дека во еден дијалог се може да се надмине, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

А1он

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, до крај на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

А1он

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Таравари ќе му објаснел на Мицкоски работи што не ги знаел, премиерот вели никого не моли

Катерина Ѓуровски

Останува ли Таравари во Владата, денеска треба да му каже на Мицкоски