Менаџментот на „Елсеведи електрик“ на средба со премиерот Заев: Македонија има потенцијал за енергетска ефикасност и обновливи ресурси

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед Ел Севеди, разговараше за можностите за инвестирање во земјата.

На средбата покрај делегација на мултинационалната компанија, присуствуваше и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.

„Претставувајќи ја компанијата, господинот Ел Севеди покажа особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија посебно во областите каде фирмата е лидер на пазарот и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во различни сектори како што се: проводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија“, велат преку писменото соопштение од Владата.

„Премиерот Заев изрази задоволство од посетата на претставниците на реномираната компанија како и од покажаниот интерес од словенечката компанијата „Искраемеко“ која е меѓу водечките светски компании во мерните производи, системи и услуги на електричната енергија.

Тој ги информираше соговорниците за новиот Закон за енергетика, во кој се содржани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи.

Се разговараше и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура, хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас“, соопштуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски