Макрадули: Сличен меморандум Ставрески потпиша и пред две години

Од:

СДСМ на пред конференција кажа дека ваков или сличен меморандум за разбирање, министерот за финансии Зоран Ставрески потпишал и пред две години во Русија.

„Но и покрај тоа ниту едно метро гасна цевка плус не беше поставена“, рече Јани Макрадули и рече дека врз основа на меморандумот и изјавите на владините министри остануваат дилемите

„Дали вистинската намера на овој договор е рокот за истекување на важност на затварањето на клириншкиот долг, упадот во законот за експропријација, во делот на ГАМА, во делот на секундарните гасоводни мрежи, кои се во управување на општините.

„Без да навлегуваме во причините зошто првиот меморандум неуспешно заврши и што е разликата меѓу првиот и овој меморандум од пред некој ден, сакаме уште еднаш да ја увериме власта дека ќе ги следиме сите идни чекори и нема да дозволиме гасификацијата да остане на уште една фото-сесија.

– Редовно ќе ја потсетуваме Владата за пропуштените придобивки од гасификацијата. Тврдиме дека ќе беше многу покорисно за граѓаните, Владата наместо да потроши само до сега 350 милиони евра на камен, бронза, споменици и огради, да ги инвестираше овие стотици милиони евра во енергетиката“, рече Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ