Во Крива Паланка денеска заврши тридневната работилница што ја организираа здружението „Спектар“ и Бугарската менаџмент асоцијација од Благоевград во рамки на проектот „Претприемачки клуб“.
Со проектот ќе бидат обучени 30-тина учесници преку четири тридневни тренинг сесии, наизменично во двете држави. Целта е да создаде самоодржлив инкубатор за претприемачи чии бизниси ќе користат комбинирани ресурси од двете страни на македонско-бугарската граница.
Опфатени се невработени лица, млади луѓе кои сакаат да започнат сопствен бизнис, како и економски универзитети и средни училишта.
Проектот се одвива со поддршка на Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.