Македонските дипломи ќе важат и во Русија

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески со претставници на Владата на Руската Федерација потпише меѓудржавна Спогодба за заемно признавање на документите за образование и научните звања. Со тој документ се усогласуваат нормите за признавање на образовните дипломи стекнати во училиштата и на универзитетите во двете земји.

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ги промовира инвестициските можности на бизнис форум во градот Владимир, а предвидена е и средба со губернаторот на Владимирската област, Николај Виноградов.

Престојот во Руската Федерација македонскиот економски тим го почна со посета на Москва каде учествуваше на бизнис форум организиран од Трговско-индустриската Комора на Русија. Премиерот Груевски се сретна со губернаторот на Московската област Сергеј Шојгу, како и со менаџерскиот тим на компанијата „Протек Груп“.

Инвестициските поволности утре ќе бидат претставени пред стопанствениците од рускиот град Нижњиј Новогород, каде што владината делегација ќе оствари средба и со Валериј Шанцев, губернатор на Новогородската област.

Четврток и петок се предвидени за престој во Санкт Петерсбург, каде што владината делегација ќе ги презентира поволностите за отворање и водење бизнис на форумот што го организира Трговско-индустриската комора на Санкт Петерсбург. Премиерот Груевски и владината делегација ќе присуствува и на отворањето и пленарното заседание на Меѓународниот економски форум на Санкт Петерсбург, каде е договорена средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Во Санкт Петерсбург владиниот тим ќе има средби со менаџерските тимови на компанијата „Газпром“, чија дејност е производство на природен гас, на „Стројтрансгас“, чиј делокруг на работа е дистрибуција и стопанисување со природен гас, и на компанијата „Лукоил“, која се занимава со производство и трговија на нафта и нафтени деривати.

Премиерот Груевски во Санкт Петерсбург свечено ќе го отвори Почесниот конзулат на Република Македонија, и ќе се сретне со губернаторот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

 

 

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски