Левица: Потрошувачка кошничка на ДПМНЕ – леб и сол за народот, луксуз за власта

Од:

„Наместо вистински реформи за подобрување на стандардот на граѓаните, десничарската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да го редефинира самото значење на сиромаштијата. Не ја зголемуваат минималната плата – напротив, се нафатија да ја прекројуваат потрошувачката кошничка, да ја сведат на леб и сол, за утре да можат да кажат дека „се живее“ со бедните плати што ги испорачуваат и со високите цени на кои никако не им застанаа на пат“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „оваа ненародна власт не само што не ја чувствува реалноста, туку и свесно ја искривува. Според сите официјални податоци, најзастапени домаќинства во државата се четиричлените, но тие решија пресметките да ги прават за тричлено семејство, само за да ја намалат сумата и да си ја оправдаат социјалната нечувствителност. Ова е бесрамен обид системски да се избрише реалната беда – не преку решавање, туку преку статистичко манипулирање“.

„Потсетуваме дека додека народот го учат дека летување е луксуз, а цигарите и алкохолот се недозволива разонода, владата на ВМРО-ДПМНЕ брутално се расфрла со народни пари. Летаат со приватни авиони, јадат папаја и аспарагус, готват октоподи и бифтек од млади говеда стари од 18 до 24 месеци – сè на трошок на буџетот кој го полни работникот! Тоа е нивниот ‘реформски’ морал: леб и сол за народот, луксуз и раскош за врхушката. Оваа власт не само што не предлага мерки за подобрување на стандардот, туку свесно ја блокира и одбива секоја иницијатива што оди во корист на обичниот човек. Потсетуваме дека пратеничката група на Левица предложи низа закони од областа на трудовото право, со цел гарантирање на достоинствени работнички услови и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но ненародното владејачко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ги одби сите предлози“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица